Изгаснати пожарите кај Зајас
Пожарите кои вчера беа регистрирани во општина Зајас се изгаснати, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување.
Како што наведуваат едниот пожар беше регистриран помеѓу селото Зајас и селото Горно Строгомиште во кој се опожарени 2 хектара борова и дабова шума. Во вториот пожар кај местото викано Џума во атарот на село Зајас опожарена е површина од 5 хектари трева, грмушки и дабова шума.
Во гасењето на пожарот биле ангажирани два авиона на Дирекцијата за заштита и спасување. На лице место биле и вкупно 31 лице од Дирекција за заштита и спасување, ТППЕ, Македонски шуми и локално население.
Дирекцијата за заштита и спасување, се посочува во соопштението, е во состојба на зголемена будност. - Вработените во подрачните одделенија ја следат состојбата на целата територија на Републиката и се подготвени во секој момент доколку има потреба да ангажираат тимови за брз одговор за гаснење на пожари на отворен простор на територијата на Република Македоинија.
Ново на Сител
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право