Македонија
19. December 2017 - 13:34

Избувнал пожар во скопски ресторан

Избувнал пожар во скопски ресторан. Како што информираат од МВР, утринава  во 03.50 часот во Скопје, на улицa „Наум Наумовски Борче“ во угостителски објект соственост на З.К.(46) од Скопје, од страна на непознат сторител фрлено е стаклено шише во кое најверојатно имало запалива материја и на местото каде што паднало, настанал пожар. 

Пожарот е локализиран од страна на чуварот во угостителскиот објект, при што скршено е стакло од влезната врата од локалот, а повредени лица нема. Извршен е увид на место на настанот, се преземаат мерки за расчистување на случајот.