Македонија
11. January 2018 - 10:52

Избувна пожар во Маџар маало - гореа бандери и автомобил

Утринава околу 04:50 часот на ул.„Ѓуро Ѓоновиќ“ во Скопје од засега непознати причини избувнал пожар, при што биле опожарени две дрвени бандери и едно возило “Голф“ со скопски регистарски ознаки сопственост на Б.А.(76) од Скопје.

Од страна на екипа од Бригадата за противпожарна заштита пожарот целосно е изгаснат во 05,25 часот.