Изборна комисија: Лукашенко освои 80,23 проценти од гласовите
Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко на вчерашните избори освои 80,23 отсто од гласовите, соопшти Изборната комисија.
Додека главната опонентка на Лукашенко, Светлана Тихановскаја освои 9,9 проценти од гласовите, додека другите тројца кандидати освоија помалку од два отсто..
Тихановскаја, 37-годишната професорка по англиски јазик, синоќа изјави дека поголемиот број граѓани се со неа.
Незадоволни од резултатите од гласањето, поддржувачите на опозицијата излегоа на улиците во неколку градови. Демонстрантите во центарот на Минск фрлаа факели и камења кон полицијата, а полицијата употреби солзавец против нив. Полицијата постави контролни пунктови околу Минск со цел да го спречи влезот на демонстранти од другите градови.
Лукашенко вети дека ќе го задуши секој протест.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење