Македонија
17. March 2020 - 16:58

Изборите се одложени, Заев бара вонредна состојба, Мицкоски бара кризна

Заев бара вонредна, Мицкоски итна кризна состојба на целата територија на земјата. Ден откако Советот за безбедност оцени дека нема потреба од избрзување со вакви мерки, лидерите на политичките партии излегоа со сосема спортивен став.

Заев вели дека само со вонредна состојба државата многу поефикасно ќе се справи со ширењето на корана вирусот.

Според Мицкоски пак земјава нема закон за справување со вонредна состојба. Неопходна е кризна состојба од 30 дена, па дури потоа да се утврдува дали има потреба од поригорозни мерки.

Од друга страна политичките лидери денеска постигнаа единствен став за одложување на изборите. Политички консензус има, но Пендаровски, Џафери и Спасовски заедно со тим експерти следниве денови ќе бараат правни основи за имплементација на одлуката. Датум на одржување на изборите ќе се одредува поткако ќе заврши здравствената криза.

Со истиот овој став се согласија и останатите партии од албанскиот политички блок кои присуствуваа на лидеркста средба кај Пендаровски.