Македонија
26. December 2017 - 10:48

Избоден малолетник во 57-ца

На ул. „Цветан Димов“ во Скопје вчера било пријавено дека во близина на паркот во населбата Чаир, во автобус бр.57, дошло до нарушување на јавниот ред и мир на горниот спрат од автобусот помеѓу две групи на малолетници.

Во еден момент од страна на едно лице зададена му била убодна рана со остар предмет во пределот на ногата на 17 годишен малолетник, по што напаѓачот веднаш го напуштил местото на настанот, а повредениот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентниот центар при комплекс клиники “Мајка Тереза“ во Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.