Свет
4. March 2016 - 10:35

Избегната драма над аеродрoм, авион ќе се судреше со дрон

Неидентификуван дрон за малку ќе се судрел со еден Ербас А320 што се подготвувал да атерира на аеродромот Шарл де Гол - Роаси, јави дописникот на МИА од Париз. Инцидентот се случил на 19 февруари, но беше обелодент вчера вечер од Бирото за истраги и анализи (БЕА) на француската цивилна авијација.

Дронот бил на само пет метри од левото крило на авионот, на 1.600 метра височина. Во тој момент авионот што летал на релација Барселона-Париз, летал со брзина од 400 км/час и за да го избегне сударот пилотот го исклучил автоматскиот пилот и рачно управувајќи успеал да го избегне дронот. Екипажот веднаш ја информирал контролата на летањето и продлжил со спуштањето. БЕА зборува за сериозен инцидент, но не кажува за каков дрон станува збор, ниту за неговата големина, ниту колкупатници имало во авионот. Еден А320 може да превезува 160 патници.

Височината на која се наоѓал дронот е забранета, бидејќи според новите правила на Генералната дирекција за цивилна авијација, кои стапија на сила на 1 јануари 2016, дозволува дроновите да летаат на максимална височина од 150 метри, како и летање во близина на аеродромите.

Но и покрај забраната пилотите на редовните авионски линии сигнализираа повеќе инциденти, според некои проценки досега биле забележани околу 200 посериозни инциденти меѓу цивилни авиони и дронови.