Македонија
24. April 2021 - 16:36

Избеган пациент од модуларната болница во Штип пронајден мртов после еден час

Мистериозно исчезнал и уште помистериозно починал Ковид пациент од штипската клиничка болница. Доцна синоќа, половина час пред полноќ, 75 годишен пациент од Пробиштип, кој бил хоспитализиран во модуларната болница, избегал од установата, а еден час подоцна бил пронајден мртов  од случаен минувач во близина на средното медицинско училиште „Јане Сандански“ лоцирано во непосредна близина. Полицијата веднаш пристигнала на лице место и извршила увид. Од СВР – Штип информираат дека обдукцискиот наод покажал дека нема траги од насилство, а веројатна причина за смртта е белодробна пневмонија.

Директорот на штипска Клиничка, Ален Георгијев, вели дека главниот влез во модуларната болница е постојано под клуч, но пациентот избегал преку задниот влез, од каде се носат пациентите. Формирана е Комисија за квалитет која ќе го истражи случајот, а извештајот ќе биде доставен до Дисциплинската комисија и доколку се утврдат пропусти, ќе следуваат санкции за дежурните медицинари кои биле во болницата- стенд ап

Ова е втор инцидент во штипскиот Ковид центар. Пред еден месец пациент на Инфективното одделение проба да си го одземе животот скокајќи од вториот спрат, но за среќа помина само со скршеници.