Македонија
15. October 2015 - 10:35

Иво Вајгл во посета на Македонија

Известувачот во Европскиот парламент за Република Македонија Иво Вајгл денеска доаѓа во дводневна посета на Скопје.

Како што информираа од Делегацијата на ЕУ во Македонија, се очекува Вајгл за време на престојот да има средби со лидерите на четирирте политички партии вклучени во процесот на имплементација на договорот од Пржино за излез од политичката криза во земјата.

Посетата се реализира пред објавувањето на Извештајот на ЕК за напредокот на Република Македонија во процесот на евроинтеграциите.