Македонија
1. January 2017 - 8:13

Иванов во посета на армискиот склад „Еребино“

Претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили Ѓорге Иванов денеска ќе ги посети припадниците на Армијата на Република Македонија во армискиот склад „Еребино“. 

Иванов ќе биде придружуван од началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски.

Во текот на посетата, претседателот Иванов на припадниците на АРМ кои извршуваат должност за време на новогодишните празници ќе им ја честита Новата 2017 година, при што е предвидено со нив да има и заеднички ручек.