Македонија
18. February 2016 - 17:06

Иванов: Побрзо завршување на политичката криза за справување со мигрантската

Стегнување на протокот на бегалците, но не и затворање на западно-балканската миграциска рута е договорено на синоќешната работна вечера во зградата на Европскиот совет во Брисел, каде домаќин беше претседателот на Евросоветот Доналг Туск, заедно со Жан-Клод Јункер, македонскиот претседател Ѓорге Иванов, неговиот српски колега Николиќ, премиерите на Словенија и Хрватска, Церар и Орешковиќ, како и претседавачот со Советот на Европската унија, Кундерс, Федерика Могерини и Јоханес Хан.

Токму предлогот на Република Македонија од Самитот за бегалците на ЕУ во октомври 2015 година, сега е работна верзија на европските лидери за справување со овој проблем, што е на маса и на денешниот Самит на Европскито совет во европската престолнина. Според претседателот Иванов, Македонија е поканувана на вакви Самити и собири „затоа што има конзистентен став“, а неговата порака била јасна:

- Нашиот став е дека Македонија не може да бдие надворешна граница на Европската унија. Не можеме ние да ги замениме сите оние мерки и активности што треба самата Унија да ги прави на својата надворешна граница, но во земјата спроведуваме се што е во состав на севкупното европско решение. Причината е што ова не е само предизвик за ЕУ, туку и за Европа како континент, а ние како Македонија што сме на европскито континент придонесуваме за справување со овој предизвик и препорзнаена е таа наша и конзистентност во ставовите, како и нашата конструктивност, па затоа со внимание беа слушани сите предлози што ги дававме.

Македонскиот претседател е дециден дека планот на Македонија е сите мерки и активности што се превземаат да доведат до тоа „во еден момент илегалната миграција да стане легална и да се затвори нелегалниот премин на граничната кота 59.

- Станува збор за нелегален премин каде доаѓа илегалната миграција. Македонија никогаш не ни размислувала, ниту имала план да ги затвора своите легални премини. Затоа, настојуваме и баравме уште во октомври на тој илегален премин да се има целата опрема и се што е потребно за евидентирање и регулирање на протокот на мигранти. Токму затоа баравме и опрема за биометриски податоци, пристап до Фронтекс-базите и пристап до базите со податоци на Шенген. За да можат податоците да ги користат сите членки на Унијата.

Иванов ја пренесе и пораката што е дискутирана и на највисоко ниво во Брисел, а тоа е дека актуелната политичка криза влијае ли на капацитетот на Македонија во справување со мигрантската криза и желбата истата час поскоро да заврши со цел земјата да може целосно да му се посвети на овој проблем:

- Политичките лидери во Македонија превземаа одговорност за справување со политичката криза, ги ставија своите потписи на документот што мора тие да го реализираат. Секое одлагање влијае и на нашето справување со предизвиците што не очекуваат. Нам ни е неопходно да се почитува договорот и датумите во тој договор за да можеме да имаме Влада со чист политички мандат што мора да се справува со овие пред се безбедносни ризици. Неопходни ни се институциите да функционираат, бидејќи во меѓувреме доаѓа и менување на законите. Ние мора да имаме конституиран парламент што ќе ги врши измените во законската регулатива  за да е прилагодуваме на предизвиците што не очекуваат.