Македонија
28. April 2017 - 20:22

Иванов останува на ставот дека е неопходна лидерска средба

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов останува на ставот дека е неопходно да се одржи средба на лидерите на парламентарните партии, како најодговорни за наоѓање решенија во согласност со Уставот и законите на Република Македонија, соопшти Кабинетот на Претседателот.

Во наредните денови, како што се наведува во соопштението, Кабинетот на Претседателот на Република Македонија останува отворен за дијалог и барање решение за надминување на оваа состојба преку почитување на правниот поредок на Република Македонија.

Претходно планираните обврски од агендата на Претседателот Иванов се откажани, поради новонастанатата состојба, се вели во соопштението.