Македонија
13. February 2019 - 23:58

Иванов: Најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите

Сочувство од Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по големата трагедија која ја потресе цела земја:

Со длабоко жалење и тага ја примив веста за трагичната сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Тетово, што се случи попладнево. Во овие тажни мигови дозволете да изразам најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите патници. Моите мисли се со нив. На повредените им посакувам што побрзо закрепнување, напиша Иванов.