Иванов - Мета: Поддршка за членството на Македонија во НАТО
Сите со нетрпение очекуваме Македонија да го заземе заслуженото место во НАТО, но и да постигне видлив напредок на патот кон европската интеграција, порача денеска во Скопје претседателот на Албанија, Илир Мета, по средбата со неговиот домаќин, македонскиот претседател Ѓорге Иванов.
- Во таа насока го поттикнуваме продолжувањето на дијалогот за надминување на сите прашањата, кои претставуваат пречка на тој пат. Македонија како членка на НАТО, не е успех само за самата земја, туку и за целиот регион, бидејќи тоа претставува фактор за безбедност во овие турбуленти времиња, рече Мета на заедничката прес-конференција со Иванов.
Македонскиот претседател посочи дека Албанија и Македонија заедно почнале на патот кон НАТО, но откако Албанија стана членка, Македонија сега очекува нејзина поддршка во тој процес.
- Македонија очекува Албанија да ја повлече да биде членка на НАТО, да и помогне да добие покана за членство, а во однос на ЕУ се што досега Македонија има направено и сето нејзино искуство и стои на располагање на Албанија на нејзиниот пат кон ЕУ, додаде Иванов.
Во врска со можностите за зближување на народите на двете земји, но и на бизнис заедниците, според Иванов, неопходно е инфрастуктурно поврзување.
- Трговската размена на две толку блиски земји не е на завоволитено ниво ниво, рече Иванов и додаде дека според бизнис заедницата, главен проблем е инфраструктурата, односно железничкото поврзување, како и олеснување до пристапот до пристаништето во Драч.
Ново на Сител
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени