Иванов: Македонското интегрирање во евроатлантските структури ќе придонесе за стабилност, просперитет и отвореност на целиот регион
Македонското интегрирање во евроатлантските структури ќе придонесе за стабилност, просперитет и отвореност на целиот регион, порача претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов на средбата со министерката за одбрана на Италијанската Република, Елизабета Трента, притоа нагласувајќи ја важноста за продолжување на италијанската поддршка во однос на нашето членство во ЕУ и НАТО.
Како што соопштија од Кабинетот на Иванов, на средбата било разговарано за билатералните односи меѓу Република Македонија и Италијанската Република, за соработката во областа на одбраната и безбедноста, како и за состојбите поврзани со интеграцијата на Република Македонија во Европската Унија и во НАТО.
Македонскиот претседател нагласи дека Армијата на Република Македонија со својата посветеност, професионалност и високо рангирана борбена подготвеност е докажан сојузник на армиите на земјите-членки на НАТО и континуирано придонесува во заедничките меѓународни мировни мисии на Алијансата.
Иванов се осврнал и на последиците од мигрантската криза, која како што потенцираше, претставува сериозен предизвик и фактор за голема загриженост не само за нашиот регион туку и за целиот европски континент, потенцирајќи дека е потребна координирана соработка во сферите на одбраната и внатрешните работи.
-Соработката меѓу Република Македонија и Италијанската Република во сферата на заедничката безбедност особено зајакна за време на мигрантската криза и неопходно е истата да се интензивира со цел превентивно делување, порача претседателот Иванов на средбата со министерот за одбрана на Италијанската Република.
Во тој контекст двајцата соговорници размениле мислења и за состојбите со миграциските текови во Медитеранот, Блискиот Исток и Северна Африка, за нивното влијание врз континентот Европа и регионот на Балканот, како и за поведување иницијатива за заедничко учество на АРМ во воените мисии.
Ново на Сител
-
Кремљ: Путин е подготвен да разговара за мир во Украина, но сака да ги постигне своите цели
-
Мицкоски: На потегот од Климештани до Охрид вклучени 1 100 -1 200 работници, над 400 камиони и повеќе од 100 булдожери
-
Загина мотоциклист од кумановско Лопате на автопатот Табановце-Куманово
-
49-годишен маж се удавил во Охридското Езеро во близина на Струга
-
Јаневска: Ако се појави можност дел од образовните асистенти трајно да се вработат, со задоволство тоа ќе го прифатам
-
На камењарот на Пелистер се извлекува повреден македонски планинар
-
Земјоделците да ги наводнуваат културите, особено пролетните, окопните и индустриските, велат агрометеоролозите
-
Сашко Кедев го освои и Гашербрум I, тој е првиот Македонец што ги искачи сите 14 врвови над 8 000 метри