Иванов и Вартоломеј разговараа за признавање на МПЦ-ОА
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, во Истанбул оствари средба со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј I.
Претседателот Иванов, упатувајќи честитки по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, ги поздрави активностите и напорите на Вселенскиот Патријарх за обезбедување поголемо единство во православната екумена и за помирување на христијанството со другите религии.
„Во време кога светот се соочува со тешки предизвици, потребна е заедничка посветеност и заложба во одбраната на христијанските вредности и принципи, кои настојуваме да ги споделуваме во духот на дијалогот и меѓусебната почит“, истакна македонскиот претседател.
На средбата беа разменети мислења за повеќе актуелни теми од заемен интерес.
Двајцата соговорници разговараа за прашања поврзани со статусот на Македонската православна црква - Охридска Архиепископија. Претседателот Иванов истакна дека МПЦ-ОА е жива црква, додека Вселенскиот Патријарх изрази надеж дека прашањето ќе се реши. Претседателот Иванов упати покана до Вселенскиот Патријарх да ја посети Република Македонија, по повод одбележувањето на големиот јубилеј - 1000 години од формирањето на Охридската архиепископија.
Претседателот Иванов престојува во работна посета на Република Турција, по повод учеството на 21. Евроазиски економски самит.
Ново на Сител
-
Повеќе скопски општини без струја
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош