Македонија
7. January 2017 - 16:08

Иванов и Димитриев на Божикна литургија во Соборниот храм во Скопје

Да се препородиме и како поединци и како народ христијански, да растеме во бога стремејќи се кон поубаво совршенство.

Кон Бога секогаш да приоѓаме со цврста вера, и во се да ја исполнуваме неговата волја, порача поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан на литургијата во Соборниот храм „Св.Климент Охридски“ во Скопје, која се одржа по повод големиот празник Рождество Христово – Божик.

На литургијата присуствуваа претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов и премиерот Емил Димитриев, кои на граѓаните со православна вероисповед им го честитаа Божиќ и им посакаа здравје, радост и среќа.

Годинава се одбележуваат и 50 години од возобновувањето на автокефалноста на ОА во лицето на МПЦ.

Во таа чест, Синодот на МПЦ повика годината што ни претстои да биде година на благодарност кон Бога, кон нашите небесни закрилници и кон сите коишто со труд и посветеност, со жртва и љубов помогнаа да се прекине двевековната неправда и да ѝ се врати достоинството на нашата Света Црква.