Иван Јорданов го прими уверението за градоначалник на Општина Штип
Новиот градоначалник на Општина Штип, Иван Јорданов на свечена седница го прими уверението од страна на претседателот на Општинската изборна комисија (ОИК)-Штип, Виктор Вацев.
По примањето на уверението, Јорданов изјави дека вратите на градоначалничкиот кабинет и на Општина Штип ќе бидат ширум отворени во служба на граѓаните.
– Она што предизборно го ветивме дека ќе склучиме коалиција со народот денеска започнуваме со многу работа, со енергија и желба да го реализираме сето она што го имаме предвидено во нашата изборна програма и да бидеме сервис на нашите сограѓани, рече Јорданов.
Посочи дека ќе се зафати со реорганизација на локалните институции, но и да ги доврши започнатите проекти, кои со месеци чекаат да бидат реализирани. Во текот на денот ќе побара информации од градежните компании, кои ги градат конзолите на кејот на реката Отиња, потоа за реконструкцијата на улиците „Панче Караѓозов“ и „Личка“, но, како што рече, и да се реализираат проекти, со кои се обврзал пред граѓаните.
Прашан дали веќе се знаат имињата на директорите на двете штипски јавни претпријатија, Јорданов со одговор дека засега се е на ниво на шпекулации и наскоро ќе биде информирана јавноста за кадровските решенија, по направените консултации и анализи.
За општинската администрација истакна дека ќе настојува да биде сервис на граѓаните, без разлика на нивната политичка определба.
Претседателот на Општинската изборна комисија-Штип, Вацев потенцира дека граѓаните на Општина Штип во првиот круг избираа градоначалник, а што се однесува за листата на советници се чека законскиот рок за приговорите на Левица, кои беа одбиени од ДИК, но имаат право да тужат до Управниот суд.
– Ја чекаме конечната одлука на ДИК за заклучување на членовите на Совет на Општина Штип, се надеваме дека во текот на наредните денови ќе се донесе таквиот заклучок и оти ќе можеме да преминеме на една ваква свечена седница, каде што ќе ги доделеме уверенијата на 23 советници, вели Вацев.
Во штипскиот Совет според првичните резултати мнозинството го има ВМРО – ДПМНЕ со 13 советници, додека СДСМ има девет, а Левица еден советник.
Ново на Сител
-
Србија: Приведени четворица припадници на косовската полиција
-
СПМ: Пендаровски секогаш бара вина кај другите
-
Османи: Петмина косовски полицајци се држат во заложништво во Србија
-
Неделков: СОНК нема да дозволи исплата на плата спротивно на Колективниот договор за дејноста култура
-
Над 20 слаби земјотреси регистрирани во Турција
-
Герасимовски: Решен децениски проблем со безбедноста на сообраќајот на улицата ,,Наум Наумовски Борче"
-
Четврти ден штрајк на приватни специјализанти
-
Мицотакис: Да направиме сè што е во наши раце за смирување на кризата на Блискиот исток