Македонија
3. March 2019 - 16:26

Итна реконструкција и проширување и е потребно на струшката болница

Покрај осовременување на постоечката опрема и набака на нови апарати струшката болница кубури и со простор. Од почетокот на февруари поради дефект на опремата за анестезија, односно гасната станица оперативниот дел на хируршко три недели не функционираше .За да нема дефекти во дотраената оперема неопходни се нови современи елементи особено во хируршкото оделение каде дневно има и по 6 операции а доаѓаат пациенти од повеќе градови и од соседна Албанија.

Делови од болницата се во многу лоша состојба а некои од специјалистичките амбуланти се сместени во бараки се жалат граѓаните.

Инаку пред само неколку месеци  од страна на министерот за здравство Филипче беше најавено дека се разгледуваат повеќе можности за изградба на нова болница на периферијата на Струга.