Свет
15. December 2017 - 17:39

Итна евакуација на аеродромот во Амстердам

Аеродромот Схипол во холандскиот главен град Амстердам се евакуира по инцидент во кој полицајци пукале во човек вооружен со нож.

Според првичните информации на локалните медиуми, човекот им се заканувал на патници со ножот. Припадници на воената полиција отвориле оган да го запрат. 

Инцидентот во Амстердам доаѓа еден ден откако најмалку едно лице беше убиено, а неколкумина повредени во два напади со нож во градот Мастрих.