Италијански експерти: Можен е втор бран на зараза со Ковид-19
Италијански експерти предупредуваат дека по постепениот излез на Италија од првиот воведен карантин во Европа, би можел да се случи и втор бран на зараза со коронавирус.
Тие повикуваат на зголемени напори за утврдување на новозаразени, да се следат нивните симптоми и контактите. Доктор Силвио Брузаферо, претседател на Вишиот институт за здравство, денеска ја извести комисијата при Сенатот во врска со следната фаза на пандемијата на новиот коронавирус во Италија. Тој денеска им се придружи на експертите, откако вчера 4,4 милиони Италијанци се вратија на работа и беа олеснети ограничувањата за движење првпат во два месеца.
Според него, клучот за одржување на епидемијата под контрола се наоѓа во раната изолација на лица со сомнителна инфекција, извршување на повеќе тестови и ставање во карантин на нивните блиски контакти. Тој вели дека ќе бидат потребни „огромни инвестиции“ од ресурси за обука на медицинскиот персонал, кој ќе ги набљудува можните нови случаи. Брузаферо додава дека сите телефонски апликации, кои помагаат за следење на контактите, не можат да го заменат човечкиот фактор.
Шефот на одделот за инфективни заболувања при Институтот за здравство, д-р Џовани Реца изјави дека претстојните недели се главно „експеримент“, за да се види како ќе влијае карантинското олеснување и обновувањето на економската активност врз кривата на ширењето на заразата.
– Сè уште не сме ја победиле епидемијата. Се уште се бориме против неа. Не сакам луѓето да мислат дека повеќе не постои ризик и дека сме вратени во нормала, истакна Реца.
Според експерти, вториот бран на заразата би може да го погоди конкретно јужниот дел на Италија, каде досега не се потврдени многу случаи на заболени со Ковид-19.
Ново на Сител
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина