Италијанската полиција заплени над еден тон албанска марихуана
Италијанската полициска поморска патрола заплени повеќе од еден тон марихуана, која двајца албански државјани ја транспортирале со моторен чамец.
Чамецот бил пресретнат во италијанските територијални води по дојава на албанската полиција. Акцијата траела неколку часови, по што биле уапсени двајцата албански државјани, кои дел од дрогата ја фрлиле во морската вода.
Пред десеттина дена, италијанската полиција заплени 2,5 тони марихуна, во слична акција, во која биле вклучени и албанската и црногорската полиција, како и авион на ФРОНТЕКС.
Инаку, синоќа албанската полиција во хотел во селото Поќера, кај приморското градче Химара, запленила 422 килограми марихуана и уапсила едно лице. Дрогата се наоѓала во хотелска соба, во која полицијата пронашла и автоматска пушка и куршуми за неа.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка