Спорт плус
30. March 2018 - 10:53

Италијанците ги посакуваат ЗОИ 2026

Штотуку заврши зимската олимпијада во Ј.Кореја а веќе се конкурира за ЗОИ во 2026г. Италијанските градови Торино и Милано имаат намера заедно да ги организираат Зимските олимписки игри во 2026 година. Тие ќе испратат писмо со намери и комплетен план до Меѓународниот олимписки комитет (МОК).

Вообичаено е организатор на ЗОИ да биде еден град, но новиот процес е флексибилен и овозможува натпреварите да бидат распоредени во повеќе области, а Игрите да го носат името на само еден град.

Италијанскиот олимписки комитет ќе му дозволи на МОК да одлучи околу градот чие име ќе биде во официјалното име на Игрите.