Фудбал
21. July 2016 - 19:16

Италија прв финалист на ЕП за фудбалери до 19 години

 
 Репрезентацијата на Италија е првата која обезбеди пласман во финалето на Европското првенство за фудбалери до 19 години, што се одржува во Германија. 
 
Младите Италијанци за место во финалето се изборија со победата од 2:1 во полуфиналениот меч против Англија одигран попладнево во Мајнхајм. 
 
Федерико Димарко со двата гола постигнати во 27-миунута од пенал и 60-тата од игра беше јунакот на „Аѕурите’’ кои за противник во финалето ќе го имаат победникот од вториот полуфинален меч меѓу Франција и Португалија, кој е во тек.
 
Инаку сите четири селекции обезбедија пласман на следното Светското првенство за играчи до 20 години кое ќе се одржи следната година.
 
Додека последната петта европска селекција која ќе оди на Мундијалот ќе биде победникот од мечот меѓу домаќинот Германија и селекцијата на Холандија дуел кој ќе се игра вечерва.