Loading Video...
Спорт плус
22. September 2019 - 18:58

Италија последен патник во четвртфиналето на ЕП

Комплетирани се четвртфиналните двојки на машкото Европско одбојкарско  првенство. 
 
Селекцијата на Италија е последниот четвртфиналист. „Азурите“ попладнево ја победија Турција со 3-0 во последниот меч од осминафиналната рунда, во која останатите седум меча се одиграа вчера. 
 
Така Италијанците за влез во полуфиналето ќе се судрат со Франција од која беа поразени во групната фаза. 
 
Останатите четвртфинални парови ги сочинуваат Русија и Словенија кои играа со нашата селекција во љубљанската група. Србија за противник ќе ја има Украина, додека Германците во четвртфиналето во Апелдорм ќе играат против Полска.