Свет
23. September 2016 - 17:26

Италија: Обновата на разурнатите региони ќе чини најмалку три до четири милијарди евра

Обновата на регионите погодени од минатомесечниот силен земјотрес во Италија ќе чини најмалку три до четири милијарди евра, изјави денеска началникот на националната Служба за цивилна заштита Фабрицио Курчио.

Тој додаде дека е можно сумата за обнова на регионите да биде и поголема.

Околу 3.000 луѓе се уште се без дом, по земјотресот што го погоди централниот дел на Италија, а 2.500 од нив се уште живеат во шатори. За нив има план да се вратат во местата на живеење, а во меѓувреме да се сместат во дрвени бараки, кои треба да бидат изградени во следните шест месеци.

- Нашата цел е ... да вратиме се како што било, посочи италијанскиот премиер Матео Ренци. 

Тој вети дека погодените градови ќе бидат обновени.