Италија ќе ја укинува блокадата во две фази
Италијанските власти соопштија дека блокадата, воведена заради запирање на ширењето на новиот коронавирус ќе биде укината во две фази.
Првиот чекор кон укинување на блокадата во Италија по Велигден ќе биде постепеното започнување со производствени активности, а вториот, што се очекува да се случи на 4 мај, се однесува на измените во мерките за ограничување на движењето на жителите на таа земја.
Постепеноста и претпазливоста се од огромно значење кога станува збор за укинување на општите карантински мерки воведени од страна на Италија за да се спречи ширењето на вирусот „Ковид-19“,се согласи италијанскиот премиер Џузепе Конте со експерти на состанок за блокадата што ќе биде во сила до 16 април.
Важно е да се избегне собирање луѓе за римокатолички Велигден на 12 април, проследено со Денот на ослободување на Италија, 25 април и Меѓународниот ден на трудот, 1 мај, за да се спречи ширењето на вирусот.
Првиот чекор по 13 април, се однесува на постепено започнување со производствени активности, а вториот од 4 мај се однесува на промена на мерките за движење во и надвор од изолација. Сепак, датумите на следните чекори не се строго утврдени и зависат од податоците од наредните денови.
– Мораме да бидеме многу внимателни со втората фаза, бидејќи ако направиме грешка ќе мора да се вратиме на блокадата и повторно да почнеме од почеток, рече италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи ди Мајо за планот за укинување на блокадата.
Полицијата најави зголемена контрола на движењето, а властите во некои региони размислуваат да затворат некои области за луѓето кои не се жители на тие области за да се избегнат собири за време на викендите и празниците.
Во Италија, на почетокот на петтата недела на општ карантин, бројот на новозаболени и на интензивни лекувања опаѓа, при што италијанската влада се подготвува за „втора фаза“ и постепено излегување од блокадата преку стратешкиот здравствен план, што се однесува на социјалното дистанцирање како главно правило, воспоставување на таканаречени Ковид болници, зајакнување на здравствената мрежа, користење тестови и дигитална стратегија за помош со пандемијата.
Вирусот Ковид-19 однесе повеќе од 17.000 животи во Италија, една од најтешко погодените земји од пандемијата на новиот коронавирус.
Ново на Сител
-
Сончево и топло со мала локална облачност
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци