Свет
1. August 2017 - 9:25

Италија и Кипар ја зајакнуваат безбедноста во Медитеранот

Италијанската министерка за одбрана Роберта Пиноти вчера изјави дека Италија ќе работи заедно со Кипар на зголемување на безбедноста во Медитеранот.

Таа по средбата со кипарскиот колега Деметрис Елиадес истакна дека Италија и Кипар се согласиле да ја зајакнат соработката во областа на одбраната во рамките на Европска унија.

Пиноти наведе дека разговарале и за „заедничките опасности“ со кои двете земји се соочуваат, како што е илегалната миграција, шверцот со оружје и тероризмот.