Македонија
27. April 2016 - 16:26

Истрели во близина на Цветен пазар

Неколку истрели од огнено оружје биле испукани денеска околу 13.20 часот на улицата „Народен фронт“ во Скопје, во близина на Цветниот пазар, информират од СВР Скопје.

Истрелите биле пријавени во полиција од граѓанин, по што полициски службеници веднаш излегле на местото на настанот. Утврдено е дека пукано било кон комбе со скопски регистерски таблички.

Во инцидентот нема повредени лица.

Во моментот се уште трае полицискиот увид. Засега не е познато кој, ниту од каде пукал.