Живот
31. January 2017 - 23:44

Истражување: Жените повеќе лажат од мажите

Едно истражување спроведено во Велика Британија покажа дека мажите се поискрени од жените.

Во истражувањето биле повеќе од 2.100 полнолетни лица, кои биле тестирани на темите поврзани се работата, здравјето и љубовта, објави „Мирор Онлајн“.

Според резултатите од студијата, жените почесто велат дека се настинати за да не одат на работа, ја прекршуваат диетата или смислуваат изговори за да не одат на состанок. Исто така, се покажало дека жените често ја „ублажуваат вистината“ за да не повредат нечии чувства.

Од жените 39 отсто глумат болест за да не одат на работа, додека истото тоа го прават 37 проценти од мажите.

Кога се во прашање диетите, една од три жени, односно 33 отсто од нив се служат со лаги во текот на режимот на исхраната, додека диетите ги прекршиле само 23 проценти од мажите.

Дури 37 отсто од жените и 27 проценти од мажите лажеле за да не отидат на состанок.

Истражувањето на крајот сугерира дека искреноста не е секогаш најдобра опција, затоа што 60 отсто од жените ја ублажуват вистината и рекле дека им се допаѓа подарокот што го добиле, иако тоа не било вистина. Истата работа ја направиле 43 отсто од мажите.

Иако примерокот можеби не е премногу голем за да се заклучи дека мажите генерално помалку лажат, овие бројки сепак откриваат некои работи и се добар показател на тенденциите кај различни полови.