Истражување на Факултетот за безбедност: Вработените во затворите незадоволни и несигурни
Работата во затворите предизвикува високо ниво на стрес кај вработените. Кај нив мошне е ниско задоволството од работата, поради несигурноста која ја чувствуваат, ниските плати и невреднувањето на нивниот труд. Често се виктимизирани, се соочуваат со закани од насилство, трпат насилство... Ова треба да се промени, со цел тие да можат поефикасно да се справат со улогата во општеството која ја извршуваат, а се однесува на ресоцијализација на затворениците.
Исто така, потребно е затворскиот персонал да има повисоки перформанси, подобар капацитет, подобра меѓусебна доверба соработка но и хуман однос кој казнетите лица.
На ова укажуваат резултатите од истражувањето „Ставовите на вработените во пенитенцијарните установи во Република Македонија за прашањата поврзани со задачите и состојбите во нив“ што го спровел Факултетот за безбедност, чиј извештај беше презентиран денеска во Скопје.
Затворските работници, смета професорката Драгана Батиќ се соочуваат со ситуација од една страна од нив да покажат авторитет и почитување на нормативите, а од друга страна да се справат со затворениците со флексибилност, човечки однос разумна праведност...овие контрадикторни и конфликтни очекувања всушност се големи генератори на стрес .
Таа додаде дека истражувањето покажало дека голем процент од вработените се пожалиле на главоболки и висок крвен притисок, а од психичките симтоми нервоза или немир кои ги пријавиле над 30 проценти од испитаниците, а тага и депресија над 17 проценти.
- Голем дел од испитаниците покажале незадоволство од работата - скоро половина, 43,6 проценти. Незадоволни од платата се 90 проценти. А повеќе од половина сметаат дека нивниот придонес не се цени во установата. Се поставува прашањето како третманот за ресоцијализација и намалување на повторот како важна задача како функција ќе ја сработат луѓе кои се вака незадоволни, рече таа.
Истражувањето покажало дека вработените се подложни на виктимизација, иако не во толкав број колку се очекувало или се претпоставува дека се случува. Тоа, смета професорот Оливер Бачановиќ, е резултат на прикривањето.
- Постои една теза дека тие кријат оти се виктимизирани. Вели срамота е да признаеш дека ти ако си чувар на нешто или одржуваш ред дека и ти можеш да бидеш виктимизиран.
Тој информира дека 74 проценти од испитаниците изјавиле дека имаат контакт со затворениците, од кои дури 90 проценти го оцениле како коректен.
Според професорот Љупчо Арнаудовски резултатите укажуваат дека е затворскиот персонал треба да биде стручен но во истовреме и хуман и да може да ги препознае позитивните карактеристики на осуденото лица со цел тоа да може да ја прифати казната и да се ресоцијализира.
Тој истакна дека е потрено да се подигне нивото на стручност на затворескиот персонал, бидејќи како што рече, 76 проценти се со основно образование, а само 12 проценти воспитен персонал.
Ново на Сител
-
Осуденици добивале привремено ослободување: Истражните органи со детали за денешната акција
-
Тема на денот со Јован Јоновски, хералдичар
-
Критики од европските претставници за гласањето во ООН
-
9-тото електрично возило за чистење на БРАКО излезе на пазарот
-
Пратенички прашања: Од резолуцијата во ОН, преку Коцевски, до кој какво млеко пие
-
Уште 8 амбасадори се пакуваат за дома
-
Заменик градоначалникот на Скопје си поднесе оставка - Арсовска тврди дека таа го разрешила
-
Македонија сака да увезува отпад од ЕУ - Пратениците расправаат за последиците од аерозагадувањето