Истражување: Летово регистрирани над 400 рекордни високи температури
Анализа на калифорнискиот институт „Берклеј ерт“ покажува дека изминатото лето измерени се над 400 рекордни високи температури на воздухот во 29 земји помеѓу 1 мај и 30 август годинава.
Една третина од рекордните температури беа измерени во Германија, потоа Франција и Холандија.
Во текот на летото, во повеќе од 1.200 места во северната хемисфера беа измерени рекордно високи температури. Истражувањето опфатило и податоци од метеоролошки станици во северната хемисфера во текот на изминатите 40 години. Франција постави рекорд со температура од 46 Целзиусови степени, додека во Велика Британија, во Белгија, во Германија, во Луксембург и во Холандија исто така првпат се забележани такви високи температури.
На некои места во Европа, температурите се највисоки во последните 150 години, изјави д-р Роберт Род за Би-Би-Си. Во јули годинава беа урнати сите температурни рекорди низ целиот свет.
Температурите се искачија за 0,04 степени Целзиусови на глобално ниво, во споредба со најтоплиот месец во јули 2016 година. Научниците истакнуваат дека тоа е знак дека Земјата се загрева. Според научниците јулскиот топлотен бран што ја зафати Европа е предизвикан од дејствувањата на човекот.
Ново на Сител
-
Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени
-
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел
-
Куќен притвор од 48 часа за две лица поради убиството на лекарот во Железара
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо