Македонија
6. January 2023 - 19:32

Истражување - иако младите од различни верски и етнички заедници живеат заедно, не се познаваат доволно

И покрај тоа што живеат заедно, младите од различни етнички и верски заедници од струмичкиот микро регион не се познаваат доволно меѓу себе. 

Ова го покажува истражувањето што го спроведе центарот за истражување и анализи Новус според кое Интер религискиот и интеркултурен дијалог во регионот е на ниско ниво. Неинформираноста и слабата комуникација се наведува како една од главните причини за таквата состојба.

Со истражувањето биле опфатени 181 испитаник, претежно млади луѓе од повеќе етнички и верски припадности од општините Струмица, Василево, Босилово и Ново Село.  

Добиените резултати покажале дека над 46 % од  испитаниците не се познаваат доволно. 63,5% сметаат дека религиските заедници кои ја имаат клучната улога во одржувањето на позитивен меѓурелигиски дијалог не работат доволно за негово подобрување.

Истражувањето е дел од  проектот Обединети во различностите. Како дел од истиот центарот за истражување и анализи Новус изработи и брошура со дел од најзначајните верски објекти и културно историски споменици во регионот. 

Покрај брошурата изготвена е и посебна веб платформа на која меѓу другото, може да се пријават и прекршувања на верските права и слободи, слобода на изразување и пријавување говор на омраза и криминал од омраза.