Свет
30. January 2021 - 14:48

Истражниот тим на СЗО ја посети болницата во Вухан каде се лекуваа првите пациенти заразени со вирусот

Истражниот тим на Светската здравствена организација што во Кина, под строг надзор на кинески официјални лица, трага по потеклото на коронавирусот, ја посети болницата во Вухан каде се лекуваа првите пациенти заразени со тој вирус.

По двонеделен карантин, тимот на СЗО прво отиде во обиколка на болницата „Ѓинитан“, каде лекарите чуваат примероци од пациенти кои страдаа од она што тогаш се сметаше за „пневмонија од непозната причина“.

По напуштањето на болницата, истражителите на СЗО не одговорија на прашањата на новинарите, но членот на тимот Марион Купманс на својот Твитер профил потврди дека посетата на болницата е завршена.

СЗО претходно објави дека членовите на истражниот тим нема да имаат контакти со локалната заедница поради ризик од ширење на вирусот.