Македонија
3. December 2021 - 16:43

Истрагата утврди дека автобусот бил репариран во Турција со материјали кои не се огноотпорни како фабричките

Автобусот на Беса-транс во кој загинаа 45 лица бил репариран во Турција, тврдат бугарските истражители. Се сомневаат дека ново-вградените материјали не биле огноотпорни како фабричките, па можеби тоа било причина за брзото ширење на огнот.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека се потврдиле сомневањата за репарација на автобусот, па прашуваат кој во земјавата дозволил да се зголеми бројот на седишта и дали поради тоа возилото не добило лиценца за меѓународен транспорт?

Бугарските истражители велат дека познати биле причините за избувнување на пожарот, но велат тоа ќе требало да го кажат експертите. Појаснија дека по првиот удар, за македонскииот автобус се закачило големо парче од банкината на автопатот што предизвикало искрење.