Балкан
22. November 2015 - 8:50

Историски рекорд во Албанија: Дури 100.000 аплицикации на американската лотарија

Историски рекорд.Вака се оценува бројот на апликациите на албански граѓани на американската лотарија во ова сезона,која почна на први октомври а заврши на трети ноември..

Според објавените податоци во 100-те илјади апликации опфатени се дури 198.625 албански граѓани, кои аплицирале лично или како семејства,за да заминат во ветената земја.

-Ова е историски рекод. Американскиот Стејт департмент ги објави податоците околу бројот на апликациите од 2007 и никогаш во текот на овој период не е забележан толкав број на апликации.Во 2015 година има над 27 илјади апликации повеќе споредено со 2014 година и за 76.000 апликации повеќе споредено со 2013 година.Во овој период најмал број на апликации имало во 2011 година или 87 илјади.Во 2011 година беше прва година по визната либералиација за Албанија,година кога голем број албански граѓани за првпат патуваа во некоја земја од Шенген зоната,пишува „Шќиприја име“.

Но, американската лотарија  не е единствена лотарија каде Албанците се обидуваат да ја испробаат среќата за да го сменат животот.Веднаш по САД доаѓа канадската лотарија.

Миграцијата за подобар живот албанските граѓани ја почнаа веднаш по падот на тоталитарниот режим, по 1990 година, и до сега земјата ја напуштиле дури една третина од популацијата или над 1,2 милиони. Најголем број или над 600 илјади се во Грција, потоа доаѓа Италија со над 300 илјади,останатите се во САД, Канада,западноевропските земји,Австралија.