Македонија
26. November 2022 - 16:32

Историчарите ги подгреаја реакциите, како историска комисија може да одлучува за црковни прашања

Црковните прашања не смеат да бидат тема на дискусија на мешовитата историска комисија. Охридската Архиепископија има јасна и потврдена историја за нејзиното создавање, порача претседателот на комисијата за односи меѓу верските заедници. Сотировски порача дека сите прашања поврзани со црквата не смеат да бидат тема на дискусија на оваа мешовита комисија и им порача на македонските историчари да бидат многу внимателни и одговорни доколку вакво нешто се бара од нив.

Црквата има свои правила и догми кои ги почитува целиот православен свет и државата ќе биде одговорна доколку не го отфрли обидиот да се отвори било какво прашање за црквата. Владиката Петар потенцира, фактот дека Охридската Архиепископија никогаш не била бугарска го признаваат и пишуваат најреноминираните професори од Бугарија за историски и црковни прашања.

Дека историчарите не смееле да дозволат да се разговара ниту за Св. Просветители Кирил и Методиј сметаат и аналитичарите. Атанасовски е скептичен дека се можни компромисни решенија бидејќи кај бугарската страна не гледа волја кај политичка и научноопштествена јавност. Прашање е кога повторно ќе го искористат правото на вето.

- Не може да зборуваме за никаков континуитет кога е во прашање црквата, бидејќи Трновската патријаршија е создадена во време кога веќе постои Охридската Архиепископија, вели за Сител професорот Дејан Борисов од Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски” и тоа само по себе е неоспорен факт. Охридската Архиепископија е основана од византиското царство од Василиј Втори. Две автокефални цркви не може да постојат во едно царство или една иста држава, порача и владиката Тимотеј портпарол на Синодот на МПЦ ОА кој порача дека овие обиди на Бугарија не можат воопшто да го загрозат статусот и постоењето на македонската православна црква Охридска Архиепископија.