Македонија
22. April 2021 - 16:41

Историчарите дебатираат за Гоце Делчев

Македонските и бугарски историчари денеска и утре повторно ќе се обидат преку онлајн средба да ги надминат разликите околу учебниците за седмо одделение а на дневен ред треба да се најде и за ликот и делото на Гоце Делчев. Веќе подолго време разговорите во комисијата се во ќор-сокак, а на минатиот состанок кој се одржа во февруари не беше постигната согласност ниту за прашањата поврзани со средниот век. Засега нема најава дека во работата на комисијата ќе бидат вклучени странски научници за да се тргне од мртва точка, како што неодамна предложи европратеникот Андреас Шидер. Премиерот Заев смета дека идејата е добра и би можела да даде резултат.

Бугарските историчари по последниот состанок изјавија дека разговорите се уште се заглавени на десеттиот век и дека се уште се чека да се реши спорот околу цар Самоил. Од македонска страна пак биле понудени неколку предлози за темата кои биле чекор напред од претходните позиции, но колегите од Бугарија го одбиле копмпромисот, држејќи се цврсто до своите ставови. Напредокот во работата на македонско бугарската комисија е услов кој Бугарија ги наметна за започнување на преговорите за полноправно членство во ЕУ.