Македонија
4. August 2020 - 9:13

Истече рокот за уривање на дивоградбата кај Мавровка

Денеска истече рокот од 8 работни дена за пронаоѓање на фантомскиот инвеститор на дивоградбата во изградба пред Трговскиот центар Мавровка. 

Од општина Чаир за Сител велат дека утре почнува постапката за јавната набавка за избирање на економски оператор кој ќе го отстрани безправно изградениот објект. 

Оттаму појаснуваат дека во зависност од времетраењето на процедурата, објектот кој никна пред ТЦ Мавровка би требало да се сруши за 30 до 40 дена.

 

Даниел Василев