Фудбал
22. February 2017 - 17:12

Истече казната на Вардар, трибините отворени за дуелот со Шкендија

Денеска се оддржа состанок помеѓу претставници на нашиот клуб Вардар, претставници од Фудбалската Федерација, од Министерството за внатрешни работи и претставници од ФК Шкендија.
 
Натпреварот помеѓу Вардар - Шкендија кој што ќе се игра во недела во 14 часот на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје е прогласен за висок ризок. Соогласно законот за организација на таков вид натпревари, Ве информираме дека при купување на билет ќе мора да биде покажан и документ за лична идентификација.
 
Суспензијата за играње без публика на домашните натпревари на ФК Вардар е веќе истечена, и во недела љубителите на фудбалот ќе може да присуствуваат на трибините на стадионот. Согласно договорот од состанокот, нема да биде дозволено присуство на гостински навивачи, односно на фанови на фудбалскиот клуб Шкендија.
 
Билетарницата на источната трибина на „Филип Втори“ ќе работи од четврток до сабота од 12 до 17 часот, и во недела на денот на натпреварот од 9 до 13:45 часот, односно до 15 минути пред почетокот на натпреварот.
 
Фудбалскиот клуб Вардар уште еднаш ги повикува сите љубители на клубот да присуствуваат на дербито и со фер и коректно навивање да му помогнат на нашиот тим да дојде до победа на овој натпревар и до нови три бода во првенството. Се надеваме дека сите гледачи ќе имаат можност да уживаат во еден убав меч и на крајот сите да се радуваме на триумф на Вардар.