ИСТАНБУЛСКАТА НЕВЕСТА

Loading Video...

Високобуџетната серија Истанбулската невеста е една од најгледаните и најпопуларни турски драми за последните неколку години. Серијатаго следи животот на една млада
пејачка која станува непосакувана снаа во богато турско семејство и всушност се базира на вистинита приказна. Вистинската истанбулска невеста се викала Улку и токму нејзината
судбина било причина да се сними оваа серија, која за брзо време станува голем хит и е продадена во сите земји каде што се емитуваат сериите од Босфорот.

Суреја, скромна девојка од Истанбул ќе се вљуби во маркантниот Фарук. Љубовта станува бескрајна од првиот поглед, од првиот допир, од првите разменети зборови... па, за
двајцата млади не преостанува ништо друго освен брак со кој ќе ја крунисаат својата голема љубов. Суреја прифаќа да се омажи за Фарук, да ги спакува куферите и заедно со
него да се пресели во Бурса во големиот конак на семејството Боран. Девојката од големиот град доаѓа во срцето на Анадолија, каде времето како да застанало. Влегува во
големиот конак, во кој од секој ќош и секоја соба зрачи богатство, луксуз, но и длабоко вкоренети обичаи. Истанбулската невеста ги запознава проблематичните браќа на Фарук,
но нејзиното неочекувано појавување во богатата палата особено внимание ќе предизвика кај госпоѓата Есма, мајката на Фарук. Таа е доминантна и сурова госпоѓа, на
која ѝ се потчинети сите кои живеат и работат на големиот имот. Од среќна и безгрижна девојка, Суреја станува непосакувана снаа во конакот. Како што минува времето, конакот
ќе почне да се руши под притисокот на замрсените семејни односи, додека истанбулската невеста не биде целосно растргната меѓу традицијата и модерното време

Улоги : Асли Енвер, Озчан Дениз, Ипек Билгин, Сали Бадемчи, Дилара Аксујек, Беркај Хардал и други.