Исповед на жена која го преживеала нападот: Трамп е болен, Асад е наш претседател
Амира Џабер, 46-годишна жителка на Хомс, градот во кој се нападнати наводните лаборатории за хемиско оружје, во разговор за Гардијан вели дека е подготвена да умре за својата земја.
- Спиевме кога не разбури страшна експлозија. Беше престрашно, особено за децата. Трамп е ментално болен и нема да не исплаши со своите ракети. Имав двајца синови, едниот од нив беше мачен додека се бореше со сириската војска за да ја ослободи Сирија од криминалци и терористи. Умре. Другиот е полицаец и се уште ѝ служи на својата земја. Ќе победиме се додека наш претседател е Башар ал-Асад, вели Амира.
- Не може да ни се случи ништо полошо од ова што веќе ни се случува. Нека прават што сакаат. Попрво ќе славиме одошто да тагуваме. Трамп се обидува да го заташка неуспехот, зашто не докажа дека сириската војска користела хемиско оружје. Да сакаше сириската војска да употреби хемиско оружје, немаше толку години да се бори туку досега ќе го употребеше. Америка и сојузниците лажат самоз а да ја нападнат Сирија. Но, никогаш нема да ни ја ослабат љубовта кон нашата земја, завршува оваа силна жена.
Ново на Сител
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок
-
Силјановска: Горда сум на граѓаните, не само на оние кои гласаа за мене туку и на останатите
-
Дел од извештаите на светските медиуми за претседателските избори во државава