Балкан
17. December 2017 - 21:10

Исповед на свекрвата по големата семејна трагедија: Покрај мртвата снаа најдов два крвави ножа, а синот загина во сообраќајка

Владимир Грдановиќ (37) од село Лучица кај Пожаревац, е осомничен дека по кавгата со сопругата Јелена Грдановиќ (37) зел нож и ја убил, а потоа седнал во автомобил и загинал во сообраќајна несреќа.

Во текот на полицискиот увид во куќата се пронајдени два крвави ножеви, па полицијата ја истражува можноста дека се работи за семејна пресметка и се утврдува кој прв го извадил ножот. Мртвата Јелена ја пронашла свекрвата Светлана, која отишла да ги посети зошто не се јавувале на телефон. Иако помислила дека снаата и синот отишле во Центарот за социјална работа, кој го посетувале поради проблеми во бракот, таа не претчувствувала дека се случило нешто лошо.

Инаку, Владимир и Јелена по 12 години брак западнале во криза - сопругата барала развод, додека мажот се противел на тоа, зошто не можел да си го замисли животот без синот и жената.

Полициската истрага и резулатите од обдукцијата ќе утврдат што се случило во домот на семејството Грдановиќ таа ноќ. Епилогот е двајца мртви, а нивниот син е сираче.

Во исповед за „Ало!“ свекрвата Светлана објаснува каков бил животот на сопружниците. Таа негира дека имало физичко насилство, објаснувајќи дека снаат од некои свои причини го користела новиот закон за заштита на жената за да го земе синот, а сопругот да го смести во затвор.

-Вистина е дека во последно време Влада и Јелена се караа и таа поднесе барање за развод на бракот. Поради тоа одела на разговор во Центарот за социјална работа. Таа таму и го пријавила насилството и таму го предупредиле ако се повтори наскоро, веднаш ќе оди во затвор. Синот ми се колнеше дека никогаш ни гласот не го повишил, а не па нешто друго. Поради тоа и што си го познавам својот син, мислам дека Јелена го користеше тој закон за да се претстави себеси како жртва. А приказната на синот дека никогаш ништо лошо не направил ја потврди и внукот кој во времето на трагедијата беше кај нас, вели низ плач Светлана.

Според нејзините зборовим Владо живеел за семејството, за синот и Јелена и многу ја сакал.

-Знаете ли виде дека Владо го капеше, хранеше, облекуваше и пеглаше. Имаше повеќе време, а и многу беше врзан за синот, како и тој за него. Владо ја молеше Јелена да не поднесува барање за развод, а таа се двоумеше. Еднаш велеше дека сака да го продолжи животот со него, но набрзо се предомислуваше. Мислам дека капка која ја прели чашата е заканата на Јелена дека повторно ќе го пријави и дека нема да го види детето. Му рече дека ќе оди во затвор поради насилиство, а потоа на суд ќе му ја одземат куќата и ќе и ја доделат нејзе. Му зборуваше дека ќе нема живот без синот и дека нема да поднесе друг да му го расте, а тој да не го гледа. Се обидував да зборувам со него, но и со неа. Ги молев да не се караат и да се стрпат уште малку додека синот заврши осмо одделение. На синот му зборував дека не е страшно доколку се разведат и да не се кара со Јелена. Тој ми објаснуваше дека не влегува во кавгите, но и дека Јелена без причина го покренува, а тој се повлекува. По тие изливи на бес, Јелена станува сосема нормална, како ништо да не се случува, раскажува Светлана Грдановиќ.

Вујкото се грижи за детето

Убиството и самоубиството на сопружниците се случило по враќањето во куќата од Центарот за социјална работа. Владимир потоа седнал во автомобилот на Јелена, „форд фокус“ и се забил во камион. Мајката светлана се сомнева дека имало пресметка зошто синот и навестил дека Јелена веќе се договорила и му го одземе детето. Веднаш по откривањето на трагедијата кај нив дошол братот на Јелена и го зел детето и им рекол да не се грижат оти ќе внукот ќе биде згрижен кај нив, рече Светлана.

Владимир бил вработен во болница како медицински техничар, додека Јелена работела во блиската продавница.