Живот
17. March 2017 - 13:40

Исповед на „човекот - планина“: Тежел половина тон и се гушел во смрдеата на својата урина, а потоа ослабнал

Британецот Пол Мејсон некогаш имал 445 килограми и важел за најтешкиот човек на планетата. По операцијата за подврзување на желудникот, полека почнал да му се враќа животот на нормала. меѓутоа и седум години подоцна, последниците од дебелината му го уништуваат животот.

Неговата спална соба му беше целиот негов свет, а огромниот кревет остров кој никогаш не го напуштал. Живеел тука со главата нон стоп под иста агол - три години, додека интимните делови му биле покриени со два чаршафи сошиени еден со друг. Ја вдишувал постојано миризбата на својата урина.

Во меѓувреме ја доби титулата на најдебел човек на светот. Но тој сфатил дека не сака да умре.

Му се смачило да внесува во себе по 20.000 калории дневно! Да појадува количество храна доволно за 10 луѓе. Да грицка и по 40 кесички чипс и по 20 чоколади секој ден.

Неговото мени

На врвот на својата зависност од храна, Пол за појадок јадел цел пакет сланина, четири колбаси, четири јајца со леб. Потоа четири порции риба и помфрит, заедно со два кебапи за ручек, а за вечера печење, пица или уште чипс.

Бил буквално повеќе широк отколку долг, односно висок 193 см, а со обем на половината од 244см.

Се заморил и од размислување за надвор. Дури и интерфонот од вратата функционирал така што да можат да му да ја донесат до кревет храната нарачана од околните ресторани.

Знаел дека хируршкиот зафат може да му помогне, но исто така и да го убие - процедурата со која неговиот желудник би се смалил до величина на едно јајде, носела ризик 50-50 отсто. Можел да умре од срцев удар, емболија, прскање на крвен сад...

Во зимата 201.10 година, пет болничари во жолти одела го изнесоа од станот на ултра засилена широка носилка со помош на моторизиран чекрк. Министерството за здравство на Англија ја пребара целата земја за да најде доволно големо амбулантно возило.

Хеликоптерот отпаднал како опција, зошто ниту еден немал доволно широка врата.

До болницата го следеа фотографи од таблоидите кои од претходно го нарекоа „Човек планина“.

Во болницата лекарите прво го држеле на „млечна диета“ - две недели внесувал само млеко за да симне до операцијата што е можно повеќе килограми.

По операцијата морал да учи повторно и да оди и да стои - телото се заборавило поради повеќегодишното лежење во кревет.

Foto Profimedia

Поранешниот поштар е уверен дека неговиот личен пекол почнал уште во детството. Живеел во Ипсвич, близу Лондон, со родителите, две сестри и тетка. Како основец, сексуално го злоставувала тетката алкохоличарка, со која спиел во истиот кревет зошто немало доволно лежаи во куќата. Се сеќава дека доаѓала дома доцна ноќе, му дишела во врат и го допирала по целото телот. Тоа траело со години, а тој за тоа молчел се до 2008. година.

Foto Profimedia

 
Foto Profimedia

Во болницата неколку пати бил опериран при што му се отсранувани вишоците кожа од стомакот, рацете и нозете.

Не некогаш најдебелиот човек на светот и денеска не може да каже дека конечно е здрав. Поради артритисот тешко оди и главно користи стап или моторизирана инвалидска количка, а сака повторно цврсто да застане на нозе, а ни можел само со вградување вештачки зглобови во коленото.

Foto Profimedia

-Бев депресивен, а храната ми беше дрога и единствена утеха. На ден во организмот внесував по 20.000 калории. Дојдов до фаза кога не ми беше грижа за ништо. Кој би рекол дека денеска не можам цел хамбургер да изедам. Овошјето и зеленчукот најмногу му годат, заклучува Мејсон, кој на Фејсбук ги објавува деталите од својот нов живот.