Балкан
3. November 2020 - 10:20

Исполнети 60 отсто од Ковид-креветите на Одделите за интензивна нега во грчките болници

– Од 312 Ковид-кревети на Одделите за интензивна нега во болниците во цела Грција, исполнети се 188, односно 60 отсто, додека пак во Солун, слободни се само 33 проценти, јави дописничката на МИА од Атина.

Во Грција веќе една седмица, бројот на новозаразени со коронавирусот на дневно ниво е над 1.000 лица, а секојдневно се зголемува бројот на пациенти приклучени на апарати.

Според вчерашните официјални податоци од Националната организација за јавно на Грција, 153 лица се приклучени на апарати, 13 повеќе од завчера.

Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани 1.152 нови случаи, од кои 362 во областа Атика, поширокиот регион на Атина и 210 во Солун.

Од почетокот на епидемијата, заразени се 42.080 лица, починаа 642, а направени се вкупно 1.804.016 тестови.