Бизнис
8. December 2015 - 9:24

Исплатени 150 милиони евра за еврообврзницата од 2005

Исплатени се 150 милиони евра за еврообврзницата издадена во 2005 година, информираат од Министерството за финансии.

По основ на камати од почеток на отплатата до денес се исплатени 69,375 милиони евра, или вкупно заедно со главнината 219 милиони евра.

Оваа еврообврзница е издадена пред десет години, кога министер за финансии беше Никола Поповски. Каматната стапка за оваа еврообврзница беше 4,625 отсто.

За време на мандатот на Поповски, во 2004 година беше воведено и издавањето на државните хартии од вредност како инструмент за финансирање на буџетот.