Бизнис
1. November 2017 - 15:53

Исплата на субвенциите за минимална плата од идната недела

Финансиска поддршка за исплаќање минимална плата во октомври ќе добијат 560 компании за субвенционирање на 2.724 вработени. Средствата за субвенционирање на минималната плата, како што информираат од МТСП, ќе почнат да се исплаќаат во текот на наредната недела.

Според податоците што МТСП ги добило од УЈП, финансиската поддршка за минимална плата што ќе ја исплати Министерството за октомври изнесува вкупно 3.262.000 денари наменети за компаниите кои ги исполниле условите за субвенција.

Од Министерството за труд и социјална политика информираат дека податоците за фирми што аплицирале и бројот на работници за чии плати ќе се исплати поддршка, согласно одредбите во Законот за минимална плата, УЈП веќе ги доставило во Министерството и оти на почетокот на идната недела ќе се изврши првата исплата кон фирмите.

Прва исплатена минимална плата во висина од 12 илјади денари е септемвриската. Собранието на Република Македонија во септември го донесе Законот за зголемување на минималната плата.

Зголемувањето на минималната плата се однесува на сите работници, односно таа ќе треба да биде исплатена и за вработените во кожарската, текстилната и индустријата за обувки. За таа цел, одлучено е, месечно да се издвојуваат 1,5 милиони евра буџетски средства со кои ќе се поддржуваат компаниите да го исплаќаат овој износ на минимална плата.

Сите компани се задолжени да исплатат минимална плата без разлика дали дополнително ќе побараат од државата финансиска помош за тоа. с