Свет
23. May 2018 - 15:47

Исламистите целат на принцот Џорџ - во компјутерот на терорист пронајден застрашувачки материјал

Наводен следбеник на екстремистичките организации на Исламистичката држава во Британија, Хуснаин Рашид е обвинет дека напраил интернет „алат за тероризам“ охрабрувајќи напад на 4-годишниот принц Џорџ.

32-годишниот Рашид водел онлајн канал под називот „Осамен муџахедин“, пренесува АП, поради што обвинителката Анабел Дерло денеска рекла дека Рашид охрабрува напади на различни мети, вклучувајќи и вбризгување отрови во сладоледи во супермаркети и напад на принцот Џорџ во неговото училиште.

Обвинителите велат дека во една објава на Рашид имало и фотографии од принцот, адреса од неговото училиште, силуета од џихадистички борец и порака „дури ниту кралското семејство нема да биде оставено на мира“.

Рашид реагира дека подготвувал терористички дела, поттинувал тероризам и ширел терористички публикации, а се очекува судењето да трае 6 недели.