Македонија
24. October 2018 - 16:12

Исклучените пратеници на ВМРО-ДПМНЕ не поднесуваат оставки, ќе дејствуваат како нова пратеничка група

До петок пратениците кои беа исклучени од ВМРО-ДПМНЕ ќе одлучат како ќе делуваат во Собранието.

Осумината пратеници кои веќе не се дел од опозициската коалиција треба да решат дали ќе делуваат како независни или пак ќе формираат нова пратеничка група.  Се очекува да им се придружи и пратеникот Панчо Минов кој замина од коалицијата на Мицкоски.

По нивната поддршка за промена на Уставот со цел промена на уставното име, ВМРО-ДПМНЕ направи вистинска чистка во своите редови, а освен седуммината пратеници, без партиската книшка останаа и уште неколку високи функционери кои беа обвинети дека ја уценувале пратеничката група и работеле спротивно на интересите на партијата. Проблемите се зад нас и одиме напред, уверуваат од опозицијата

Поранешниот претседател Груевски денеска не сакаше да ги коментира партиските исклучувања

Опозицискиот лидер Мицкоски, вчера на прославата на Денот на македонската револуционерна борба не криеше дека е разочаран од последните случувања. На пратениците кои гласаа спротивно на партиската одлука им порача дека ќе ги победи како што рече, на купче со Заев.