Исчистени 53 километри од каналската мрежа во општина Илинден
Како дел од проектот за чистење, нивелирање и одржување на отворените одводни канали во општина Илинден, од почетокот на годината се исчистени се 53 километри од каналската мрежа, што е за 7 километри повеќе од планираните 46 за годинава.
Како што информира општина Илинден, со цел да се обезбеди проточност на каналската мрежа, во координација со АД Водостопанство на Република Македонија „Скопско поле“ и ЈКП „Илинден“ континуирано се врши машински и рачно чистење на отворените одводни канали на територија на општината, во должина од 120 километри.
Во рамки на реализацијата на Акцискиот план за чистење на каналската мрежа за 2016 година деновиве е извршено рачно чистење на главниот канал во локалната економска зона Марино-Кадино во должина од 700 метри. Во тек е рачно чистење на секундарен канал Азмак во населеното место Кадино и Мралино, во должина од 2.000 метри.
- Поради рамничарскиот терен на кој се наоѓа општината, доаѓа до постојано покачување на нивото на подземните води, па затоа со редовното одржување на главните, секундарните и терцијалните одводни канали се овозможува непречен проток на атмосферските води, се спречува настанувањето на поплави и се влијае во подобрувањето на животната средина, која е еден од условите за квалитетен живот на населението, се вели во соопштението од општина Илинден.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка